Легендата на сенегалското борење, Умар Кејн, продолжи да импресионира на ОНЕ шампионатот. Тој на ОНЕ на ТНТ 1 рано денес го совлада со прекин Патрик Шмид.
На почетокот на борбата Шмид почна да притиска, а Кејн беше стрплив и го чекаше својот момент. Разменија тешки удари и Умар успеа да го разниша противникот. Кејн го скрати растојанието, се држеше до Шмид и ја носеше борбата на партер, во неговите води.
Тежок граунд енд паунд од „Рог Рог“, па судијата се одлучи да го прекине мечот, кој траеше една минута и 48 секунди. Со оваа победа Кејн запиша 3-0 во ММА и веќе има 2 победи со нокаут во првата рунда во ОНЕ.
Ретко кој ќе го запре ова чудовиште, кое наскоро може да се бори за титулата во тешка категорија.