Фјури удри по Џошуа и Усик: Неупотреблив безделник и чепкалка за заби!

Тајсон Фјури го одржува во форма „долгиот јазик“.

Освојувачот на ВБЦ титулата ги исплука Александар Усик и сонародникот Ентони Џошуа. Фјури е бесен на Еј Џеј што му ги дал титулите од ВБА/ВБО/ИБО/ИБФ на Усик во нивната септемвриска борба во Лондон. Тајсон ги држеше сите овие шампионски појаси кога го победи Владимир Кличко во 2015 година.

„Знаете што не можам да сфатам? Дека Еј Џеј ѝ ги дал на Украина сите овие титули откако ги собирав толку долго. Непоправлив безделник“!

Сепак, Фјури не заврши тука. Боксерот од Манчестер му се обрати на Усик, обвинувајќи го дека е на стероиди, можеби затоа што за прв пат во кариерата добил доволно мускулна маса за да влезе во тешка категорија.

„Дозволете некое мало стероидно човече да се искачи од средната категорија и да ги земе сите титули. Ни треба вистински британски бомбардер како мене да оди и да ги врати тие титули во Британија“.

Дополнително, само претпоставуваме дека Усик никогаш не дал позитивен допинг тест. Фјури, од друга страна, беше позитивен, заедно со братучедот Хјуи, на анаболичен стероид нандролон во 2015 година, откако го победи Кристијан Хамер.

33-годишниот Фјури доаѓа по победата во 11. рунда со ТКО над Дионтеј Вајлдер во нивниот меч минатиот октомври.

„Непутреблив безделник“, продолжи Фјури. „Искрено – дајте ми ги, дајте ги на Џипси кинг. Дајте ми ги! Ќе ги ставам на нивно место. Ќе ги извадам од нивните шампионски појаси”.

Џошуа и Усик имаат планиран реванш напролет, веројатно во април.

И Фјури треба да се бори во април, но се уште не е познато против кого. Неговиот сонародник Дилиен Вајт се посочува како можен противник, но во моментов двата тима не се согласуваат околу хонорарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО