Бесир Алили со една победа чека шанса за репасаж на ЕП, Нуров загуби во репасажот, Егоров ќе се бори за златото

Бесир Алили имаше одличен старт во категоријата до 61 килограм на Европско сениорско првенство во борење во Будимпешта-Унгарија, победувајќи го Адам Баибулатов од Франција  11-5. Во четврфиналето се сретна со Арсен Харутјунјан (Ерменија) и загуби со 0-5.

Алили чека Ерменецот да се пласира во финале за да се бори во репасажот.

Нашиот најголем адут за медал на ЕП не успеа во репасажот, Могамедгаџи Нуров (97) е поразен 0-5 од Батирбек Цакулов од Словачка. Ова е разочарувачки резултат.

Сепак, нашите погледи се свртени кон Владимир Егоров (57 кг) кој денес по 18 часот се бори за европското злато.

Резултати – Европското првенство 2022:

57 кг
Владимир Егоров – Никлас Штехеле (Германија) 5-4 ¼ финале
Владимир Егоров – Манвел Хнџрстјан (Ерменија) 10-0
Финале
Владимир Егоров – Алијабабас Рзазаде (Азербејџан)

61 кг
Бесир Алили – Адам Баибулатов (Франција) 11-5 квалификации
Бесир Алили – Арсен Харутјунјан (Ерменија) 0-5

70 кг
Фати Вејсели – Џанлука Таламо (Италија) 13-3 1/8 финале
Фати Вејсели – Зирадин Бајрамов (Азербејџан) 4-9

79 кг
Дејан Митров – Саифедин Алекма (Франција) 0-10 квалификации

97 кг
Могамедгаџи Нуров – Владислав Бајцаев (Унгарија) 4-6
Репасаж
Могамедгаџи Нуров – Батирбек Цакулов (Словачка) 0-5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON