Бесир Алили забележа најдобар резултата на Европското првенство во борење за У-23 во Тирана, Албанија, со пласманот на петтото место.
Алили во борбата за бронзениот медал загуби од репрезентативецот на Турција Толга Озбек 0-10.
Веројатно Бесир остана под импресии од вчерашното полуфинале, бидејќи со тесен резултат загуби од Јејун Алахвердијев од Азербејџан и не се пласира во финалето, притоа ја прикажа и најдобрата борба.
Резултати ЕП У-23:
61 кг
Бесир Алили – Денис Салим Наим (Бугарија) 7-2
Бесир Алили – Иван Храмика (неут./УВВ) 6-5
Полуфинале
Бесир Алили – Јејун Алахвердијев (Азербејџан) 4-5
За бронза
Бесир Алили – Толга Озбек (Турција) 0-10