Бесир Алили од Лирија денсека освои сребрен медал во категоријата под 42 килограми на Меѓународниот турнир за деца „Столе војвода“ во Сливен, Бугарија. Алили е прогласен и за најдобар техничар и за најперспективен борач од странство.
Тренерите Суфјан Исмаили и Лулзим Вренези настапија со пет борачи и тоа: Реџеп Поцеста и Мухамед Фаруку кои беа петти, а Омер Фаруку и Сакип Мемеди беа елиминирани уште на стартот.
Ipon.mk/В.Д.