Пред 37 години познатиот југословенски/хрватски боксер, Мате парлов, во Милано дојде до титулата светски шампион во полутешка категорија во ВБЦ верзијата.
Тоа беше на 7-ми јануари 1978 година, кога тој се бореше против Аргентинецот Мигел Анхел Куелјо, при што до победа дојде со нокаут во деветтата рунда. Парлов потоа успешно ја одбрани титулата во меч против Џон Конте, а на крајот ја изгуби титулата по средбата со Марвин Џонсон.
Мате Парлов професионалната кариера ја заврши во 1980 година, со сооднос од 24 победи (12KO) 3 порази и две борби завршија без победник.
За време на неговата аматерска кариера,1972 година беше олимписки шампион, светски првак во 1974 година, а два пати и дојде до титулата на најдобрите аматери во Европа. Тој почина на 29 јули 2008 година, набрзо, откако му беше дијагностициран рак на белите дробови.