Фјури до менаџерот на Усик: Ќе ти ги откорнам забите

Тајсон Фјури 34-0-1, 24 КО) му одговори на менаџерот на Александар Усик (21-0, 14 КО) – Егис Климас, кој ја навреди неговата сопруга.

„Егис, никогаш повеќе не ме нарекувај страшливец. Имав 35 професионални борби и 18 години од животот му посветив на боксот. Никогаш не бев кукавица, никогаш не одбив да се борам. Ако пак ја навредиш жена ми, ќе ти ги извадам проклетите заби. Дали ме разбираш?“, изјави Фјури во големото интервју на ММА час.

Потсетуваме дека Климас го изјави следново: „Тој ја натера својата кучка да го удри со тавата“.

Неприкосновената борба за титулата во тешка категорија, наречена „Огнен ринг“, требаше да се одржи на 17 февруари, но беше одложена за 18 мај, откако Фјури доживеа потрес на мозокот за време на спарингот и заработи 11 конци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON