Додека Рајан Гарсија и Девин Хејни продолжуваат вербално да се препукуваат пред потенцијална борба, поранешниот американски боксер Бернард Хопкинс сака да ги види двајцата во рингот што е можно поскоро.
Хејни и во 2023 година ќе се памети по добро, прво го победи Васил Ломаченко, а потоа Реџис Програис.
Американецот доминираше со сонародникот во тој последен меч и го освои појасот на ВБЦ во суперлесна категорија по успешниот период во лесна категорија каде ги обедини сите појаси.
Се надева на големи резултати во новата година, а прв кој би можел да му се закани е Рајан Гарсија.
Кинг Рај го загуби првиот меч во кариерата против Жервонте Дејвис минатата година, но во декември се врати со победа над Оскар Дуарте.
Хопкинс ги повика двајцата да ја прекинат вербалната војна и конечно нека се пресметаат во рингот.
„Љубителите на боксот се уморни од слушање празни зборови. Ним не им е важно што ќе си кажат, туку само сакаат да слушнат: Го потпишавме договорот“, изјави Бернард Хопкинс и додаде:
„Драматичноста е на врвот и навивачите го губат трпението, наскоро нема да биде важно кој со кого се бори, тие сакаат меч. Тоа е ризикот што го преземате кога потенцијално одличен настан ќе претворите во сапунска опера“.