Берна Шерифовска освои два од петте златни медали на ЏК Миоки во Софија

Mioki o Sofija site na Lokomotiv

Берна Шерифовска во полн сјај на џудо трунирот на „Локомотив“ во Софија, Бугарија,  кој ја потврди одличната спортска форма освојувајќи 2 златни медали и тоа во конкуренција сениорки -57 кг со 4 победи и во конкуренција  кадетки -57кг со 3 победи.

Mioki na piedestal Lokomotiv sofija

На овој меѓународен турнир викендов џудистите на Миоки од Скопје освоија 5 златни и 2 бронзени медали во конкуренција на околу 700 натпреварувачи од 9 држави.

Марија Кузмановска кај најмладите џудисти – полетарци апсолутно доминираше во категоријата -29кг освојувајќи златен медал со 4 победи.

Mioki masko lokomotiv sofija

Хамза Јашари исто така 2 пати се пласираше во финалето освојувајќи 2 златни медали во конкуренција пионери -60кг со 4 победи и во конкуренција на кадети -60кг исто така со 4 победи.

Malecka mioki sofija lokomotiv

Бронзени медали освоија Еди Шерифовски кај пионерите -66 кг со 3 победи и еден пораз и Моника Стојковска кај помладите пионерки -40 кг со 2 победи и еден пораз.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON