Единствената наша џудистка на Европското првенство во У-23 во Подгорица, Црна Гора, Берна Шерифовска (-57 кг) е поразена во првото коло од Австријанката Асимина Теодоракис со еден ипон и еден вазари спрема еден вазари.
Шерифовска немаше можност за репасаж бидејќи нејзината противничка не успеа да направи нешто позначајно на ЕП.