Берат Јакупи за Премиер лигата во Париз: Одам на медал!

Berat protiv Iran

Берат Јакупи прв ќе отпатува на првиот турнир на Карате 1 Премиер лигата во Париз, познат и како „Париз опен 2016“, кој се одржува до 22 до 24 јануари.

„Одам порано поради поканата што ми ја пратија моите пријатели од Франција. Таму ќе имам тридневни тренинзи со нив“, изјави Берат Јакупи за Ipon.mk, кој на татамито ќе се појави на 23 јануари во категоријата – 84 килограми во конкуренција од 98 натпреварувачи.

„Веќе три месеца се подготвувам за овој турнир под надзор на Трајче Богданоски, кој ми ја подготви програмата за тренинзи т.е. физичкиот дел од подготовките, а последниот месец тренирав текничко-тактички вежби со неколку спаринг партнери. Се чуствувам подготвен за овој голем предизвик, како на физички, така и од ментален аспект. Атакувам еден од медалите. И, со божја волја верувам дека ќе се исполнат моите очекувања“, вели нашиот истакнат каратист, кој наведува дека учетвото на турнирот го поддржале Општина Струга,  односно градоначалникот Зелјадин Села и сопственикот на компанијата Ватани, Дашмир Асани, за што јавно им се заблагодарува.

„Морам да истакна дека овој турнир е моето прво тестирање за големите предизвици што ме чекаат 2016 година. Се надевам дека ќе го постигнам критериумот поставен од КФМ за место во репрезентацијата“, истакна Јакупи.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON