Берат Јакупи имаше извонредно издание на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција, кој извовјува три победи, а во четвртфиналето загуби од стариот познаник Угур Акташ од Турција, кој за жал, не се пласира во финале, за да обезбеди репасаж на Јакупи.
И Виктор Крстевски имаше солидно издание кој извојува две победи. За малку не му се насмевна среќата да се бори во репасажот.
Да потсетиме, утре Емил Павлов во недела ќе се бори за бронзата откако денеска извојува три победи, а за влез во финалето загуби од Фирдовси Ферзалеив од Азербејџан со 2-5. За бронзата ќе се бори со Каизар Алписбаир од Казахстан.
Денекса се борат Жарко Арсовски, Ангела Мојсовска и Моника Стефановска.
По едногодишна пауза во Истанбул настапуваат 618 натпреварувачи од 69 држави, односно 280 клуба, а Македонија ќе ја претставуваат 16 каратисти.
Резултати:
-84 кг
Петар Спасеновски – Андреј Торошенко (Укарина) 1-1
Виктор Крстевски – Рамазан Азизов (Казахстан) 1-0
Виктор Крстевски – Абдулазиз Атабоев (Узбекистан) 3-3
Виктор Крстевски – Микеле Мартина (Италија) 0-4
Глигор Петков – Валери Сониких (Украина) 0-2
Берат Јакупи – Константин Цимбал (Украина) 11-1
Берат Јакупи – Влад Јорга (Романија) 2-1
Берат Јакупи – Рафаел Ибанез (Шпанија) 2-1
Берат Јакупи – Угур Акташ (Турција) 0-3
+ 84 кг
Жарко Арсовски – Роб Тимерманс (Коста Рика)
-68 кг
Ангела Мојсовска – Алиса Бушингер (Австрија)
Моника Стефановска – Силвија Семераро (Италија)