„Ќе патувам, но нема да се натпреварувам на „Базел опен“ во Швајцарија. бидејќи не сакам да ризикувам со повредата, иако поканата е лична“, вели нашиот репрезентативец Бера Јакупи за поканата на актрактивниот карате турнир во Швајцарија, што ќе се одрж викендов.
Јакупи во полуфиналето заработи повреда во полуфиналето на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул од Турчинот Угур Акташ, при водство од 6-0, поради што не настапи во финалната борба за да се бори за златниот медал.
„При водство од 6-0 Акташ со пета ме удри во устата, пришто заработив исекотина на горната усна и од надвор и од внатре, а ми беше поткачен и носот. Течеше многу крв и веднаш бев префрлен во болница, каде што останав 2-3 часа, така што немаше шанси да се вратам за финалето. Поради паузата не сум во топ форма и не сакам да ризикувам, бидејќи усната ми беше шиена. Оставм на лекарите да кажат кога ќе биде се во ред за почеток“, нагласува Јакупи.
Тој во Премиер лигата ги победи Симон Антиќ (-84 кг, Макпетрол) 2-1, па Ахмед Адбалах од Египет со 6-0, Иранецот Есхан Хејдери 2-0 и во полуфиналето со 8-0 (6-0 регуларен дел) го победи Турчинот Угур Акташ со дисквалификација.
ipon.mk/В.Д.