Берат Јакупи чека шанса за репасаж, а Ангела Мојсовска се уште не настапила на Премиер лигата

И во вториот ден од Карате 1 Премиер лигата во Лисабон нема радосни вести за љубителите на карате спортот во нашата земја, во настапот на тројца каратисти забележани се две победи и три порази од кои еден е со нерешен резултат.

Берат Јакупи (-84 кг)има шанса за репасаж ако Турчинот Угур Акташ се пласира во  финалето. Во првата средба Јакупи славеше убедливо над Томас Коса од Словачка 5-0, но затоа од стариот познаник Акташ загуби со високи 1-9.

Прв стартуваше Петар Заборски (-75 кг) кој славеше над Давид Подсклан од Словачка со 3-1, но во нареденото коло загуби минимално 0-1 од Томас Скот од САД.

Борбата на Петар Спасеновски (-84 кг) со Бразилецот Фелипе Алберто заврши 1-1, но поради прв освоен поен победата му припадна на бразлискиот каратист.

Преостанува настапот на Ангела Мојсовска.

Дополнување: Противникот на Јакупи не се палсира во финалето, бидејќи во полуфиналето е поразен од Јапонецот Рјутаро Арага со 3-1.

Резултати
-60 кг
Емил Павлов – Ихор Ухнич (Украина) 4-1
Емил Павлов – Јеркинбек Баитурејев (Казахстан) 1-3
Абдурахим Идризи – Наото Саго (Јапонија) 0-0

-75 кг
Петар Заборски – Давид Подсклан (Словачка) 3-1
Петар Заборски – Томас Скот (САД) 0-1

-84 кг
Петар Спасеновски – Фелипе Алберто (Бразил) 1-1
Берат Јакупи – Томас Коса (Словачка) 5-0
Берат Јакупи – Угур Акташ (Турција) 1-9

-68 кг
Ангела Мојсовска – Марина Раковиќ (Црна Гора)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON