Поранешниот шампион на UFC и WEC во лесна категорија Бенсон Хендерсон денеска го направи своето деби во Белатор. Тој во мечот за титулата се сретна со актуелниот шампион на Белатор во полусредна категорија Андреј Корешков.
Хендерсон доби добра лекција во дебито во новата организација, бидејќи Корешков цело време ја диктираше средбата и заслужено победи со судиски одлука 50-45.
https://youtu.be/eEg-GoNCO-o
Русинот не остави остави простор за сомневање кај судиите и публиката, и заслужено победи во пет рунди. А за „Бендо“ остана само горчливиот спомен од дебито во Белатор.