„Борбата во саботата помина брзо. Немав можност да покажам многу од она што го тренирав“, вели Бени Османоски кој на кик бокс настанот „Стори 4“ во Олтен-Швајцарија со нокаут во втората рунда го победи Гркот Валентинос Кирјакидис, кој вусшност беше замена.
„Два-три дена пред борбата противникот ми откажа, за кого и се подготвував да се борам.
Веднаш добив нова понуда која ја прифатив со некои додатоци. Така се договоривме со менаџерите таа борба да биде потехничка, затоа што не знаев ништо за противнинот.
Борбата не се одвиваше како што размислував, зашто јас мислев и двајцата да одиме на директна борба без калкулации и ако можам да го нокаутирам во последната минута од последната рунда. Тогаш ќе бев задоволен, ќе ми беше поинтерсно, а вака не можев да се покажам колку сум подготвен, но тоа е тоа. Таков е овој спорт, некогаш една секунда решава се“, истакна Османоски за борбата и за замената на противникот.
Многумина очекуваа помашка борба и посериозен отпор на противникот, но испадна дека тој не му е дораснат на Бени.
„Противникот беше тотално поразличен од другиот, беше многу побрз и многу подвижен. Му дадов маклу шанса да се движи. Во првата рунда го исптував, каков е, како се движи и каде можам најдобро да го повредам. И во втората рунда почнав да правам поголем притисок, така што тој не издржа долго и се заврши мечот“, ја објаснува борбата Османоски.
Според него, тоа е уште еден нокаут во неговата кариера, нагласувајќи дека наредната борба треба да биде на 4 јули во Германија, но се уште не сигурен, додека на 25 јуни учествува на „Рејди 4 вор“ во Цирих-Швајцарија.
„До тогаш, уште од денес почнувам да се подготвувам“, категоричен е Османоски и убеден во своите можности и квалитети и дека со успесите испишал историја во Македонија, затоа што неговиот успех до сега никој не го постигнал, а со скромност вели дека ова е само почеток.
Ipon.mk/В. Д.