Бени Османоски (82,5 кг) со колено во стомак во втората рунда го совлада Гркот Валентинос Кирјакидис на кик бокс настанот „Стори 4“ во Штатхале во Олтен – Швајцарија, под закрила на ВКУ (Светската кик-бокс унија).
„Фала му на Господ, ја добив борбата во втората рунда со нокаут со лево колено во стомак“, напиша Бени.
Ова на Османоски му 44 победа (32 со нокаут). Во април Бени ја освои титулата во К-1 на ИСКА (до 82,5 кг), а во ВКУ (до 83 кг) два пати ја одбрани. Нов предизвикувач го очекува во септември.
Видеото може да го погледнете овде.
Ipon.mk/В.Д.