Самир ел Масури е со еден килограм потежок од нашиот Бени Османоски, Мароканецот е тежок 80,2 килограми, а Бени 79,2 кг.
Така беше денес на мерењето хотелот „Мериот“ пред утрешната борба на „Микс фајт гала“ во Франкфурт, Германија, во К-1.
Потоа се одржа прес-конфренцијата.
„Реков дека нашата борба ќе биде многу силна, бидејќи и двајцата сме јаки и искусни борци. Противникот е малку повисок од мене, но тоа е нормално кај мене, односно во мојата категорија. Секогаш имам повисоки противници“, вели за Ipon.mk светскиот првак во мај тај, Бени Османоски од Октиси кај Струга, кој живее и работи во Швајцарија.
Ipon.mk/В.Д.