Во сабота нашиот истакнат кикбоксер Бени Османоски се бори со борец на УФЦ во К-1 во Цирих, Швајцарија, на Фајт најт Фолкенвилц. Станува збор за Бразилецот Амикар Алвеш во категоријата до 85 килограми.
„Противникот е од Германија, но по потекло е од Бразил и е борец кој што се бори во УФЦ – најголемата ММА организација во светот. Јако опасен борец и добра предизвик за мене. Но, со Господ напред, на крајот од борбата јас ќе го носам медалот за првото место“, истакнува Бени Османоски.
Ipon.mk