Бени Османоски го предизвика Даниел Стефановски на реванш меч откако синоќа загуби во македонското дерби на К-1 настанот „Рејди фор вор“ во Швајцарија со нокаут во првата рунда од Стефановски.
Тој вели дека бил добро подготвен за борбата со Даниел Стефановски, но се случило тоа што се случи. Сепак, тој го оспорува првиот нокдаун и смета дека е направен со нечиста техника.
„И последниот нокдаун не беше нокдаун. И двајцата бевме на подот. Рундата беше завршена а судијата ми броеше на мене. Официјално го предизвикувам на реванш меч, па да се реши оваа историја“, истакна во видео-изјавата Бени Османоски кој рече дека нема никаква повреда и како што може да се забележи по неговиот изглед.
https://www.facebook.com/148805045217982/videos/497323874102373/
Тој рече дека оди понатму и дека набрзо следи новата борба. Османоски се заблагодари за поддршката што ја добил од сите.
Ipon.mk