Синоќа со нокаут во втората рунда Бени Османоски извојува победа на настанот Фајт најт во Фолкенвилтс во Швајцарија во К-1.
Османоски прво го прати во нокдаун Жереми Сергеј (Франција), потоа се исправи и уште еднаш се најде на подот, по што веќе не стана.
Сепак она вистинското следи на 2 декември на Кинг оф кингс во Латвија против Станислав Макаренко кој е во топ кикбоксерите во светот.
https://www.facebook.com/venco.donev/videos/1625767464135975/
Но, во декември следи уште една борба, односно на 16 декември во Сент Гален, Швајцарија, по четврти пат ќе ја брани светската титула во ВКУ.