Глигор Стојанов (33, 27-6, 11 KO) е главната ѕвезда Елит фајт најт (ЕФН) 7 во мај тај на 24 септември во Софија, Бугарија. Во турнирот на четиримината струмичанецот Стојанов со Марсин Лепковски – Полска, Владимир Конски – Словачка и Сејфулах Хамбаходов – Чеченија, ќе се бори за учество на Кралскиот куп во Банког, Тајланд. Тој ќе се сретне со Хамбаходов.
Еве што мисли уште една наша голема ѕвезда на овој спорт и на К-1 за Глигор Стојанов, Бени Османоски, кој исто така живее и се бори во Швајцарија.
„Што се однесува до Глигор, лично не се познаваме, но се допишувавме на Фејсбук, бидејќи тој живее во Тајланд, а јас во Швацарија, немавме прилика да се сретнеме. Сум гледал повеќе мечевии од него. Глигор е многу добар борец. Тој има вистински тајландски стил. Супер е! Значи, и технички подготвен. Па, му посакувам се најубаво и здравје и со победа да го заврши турнирот“, рече Османсики за Стојанов.
ELITE FIGHT NIGHT 7 – МАЈ ТАЈ:
Турнир за учесник на Купот на кралот:
Глигор Стојанов – Швајцарија/ Македонија
Марсин Лепковски – Полска
Владимир Конски – Словачка
Сејфулах Хамбаходов – Чеченија
Ipon.mk/В.Д.