Бен Садик го победи Иносенте и го предизвика Верховен (ВИДЕО)

Седрик Думбе во Брисел за прв пат ја одбрани титулата на Глори првак во велтер категорија.

Во главната борба на Глори 39 Французинот по трети пат како се бореше со Јоан Конголо и по пет рунди дојде првата победа.

Џамал Бен Садук во прилично лоша борба со одлука на судиите го доби Гуто Иносенте и му нанесе првиот пораз во петиот настап за Глори.

По борбата мароканско – белгискиот тешкаш пред своите навивачи го предизвика првакот Рико Верховен кој го коментираше настанот. „Принцот“ влезе во рингот со Бен Садик и неговата борба со Бразилцот ја нарече здодевна и го исмеа неговиот настап.

Бен Садик во 2011 година го победи Верховен со прекин.

https://youtu.be/nGyES8T2n_4

https://youtu.be/rBQnLn8fJ78

Петчпаномрунг Киатмокао е победник на турнирот на предизвикувачите во перолесна категорија. Тајландецот со одлука на судиите во полуфиналето го елиминира Русинот Алексеј Улјанов, за во финалето со поделена одлука да го победи поранешниот шампион Сергеј Адамчук. Украинецот во полуфиналето го победи локалниот борец Нафи Билаловски.

Петчпаномрунг ќе се бори за испразнетото титула против Робин ван Росмален.

Глори 39 Брисел:

Седрик Думбе – Јоан Конголо (едногласно одлука)

Џамал Бен Садик – Гуто Иносенте (едногласна одлука)

Финале на турнирот на предизвикувачи во перолесна категорија:

Петчпаномрунг Киатмокао – Сергеј Адамчук (едногласна одлука)

Џамал Бен Садик – Гуто Иносенте (едногласна одлука)

 

Полуфинале во перолесна категорија:

Сергеј Адамчук – Нафи Билаловски (едногласна одлука)

Петчпаномрунг Киатмокао – Алексеј Улјанов (едногласна одлука)

https://youtu.be/T6gD7cYZnnc

https://youtu.be/A-CCN2GWtcs

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON