Пред неколку дена Хабиб Нурмагомедов во интервју истакна дека не се трогнал од приказните на Бен Аскерн кој беше претепан во ОНЕ Чемпионшип, а сега зборува и се обидува да се рекламира во УФЦ. Хабиб го посоветува прво да го покаже своето ниво, но тоа не му се допадна на Аскерн и тој го заплаши со пресметка во октомври.
„Слушнав што рекол Хабиб. Тој ќе си го разбере нивото кога ќе го соборам на подот нема да може да се исправи и ќе му удрам голем ќотек. Ќе се борам со него за титулата во категоријата до 74, 8 кг во октомври или ноември“.
Just heard what @TeamKhabib said, he will find his levels when he can’t get off his back and I am big brothering him. Will fight him@for 165lb title in October/November of this year.
— Funky (@Benaskren) January 26, 2019
Се почесто се зборува дека УФЦ ќе ја затвори мува категорија и ќе отвори нова, но се уште официјално нема ништо. Многу борци сакаат создавање на категорија до 74,8 кг и можеби наскоро ќе ја има. Бен Аскерн ќе треба да победи Роби Лоулер во март, затоа што во спротивен случај никој нема да го сфаќа сериозно.