Громогласно најавуваниот борец Бен Аскерн своето деби за УФЦ ќе го направи на 26 јануари. Тој ќе се бори против Роби Лоулер на УФЦ 233.
Аскерн потпиша договор со организацијата во ноември 2018 година. Тој беше дел од трансферот што го испрати долгогодишниот шампион на УФЦ, Демитрус Џонсон во ОНЕ. Аскерн е поранешен шампион на ОНЕ и на Белатор.
Последниот меч на Лоулер беше на 16 декември 2017 година. Поранешниот шампион во полусредна категорија загуби од Рафаел дош Анжос.
https://www.youtube.com/watch?v=UH7ahx4m4qQ
.