Белју се колне дека Усик нема да стигне до Џошуа

Тони Белју (30-2-1, 20 КО) на 10 ноември во Манчестер се подготвува да приреди уште едно изненадување.

Поранешниот ВБЦ шампион во крузер категорија по двете победи против Дејвид Хеј се врати во лесно-тешка категорија за да го предизвика неприкосновен шампион Александар Усик (15-0, 11 КО).

Украинцот не крие дека до крајот на следната година сака борба со Ентони Џошуа, но ливерпулскиот боксер го предупредува да не трча пред останатите.

Сите се поврзани со промоторот Еди Херн.

„Луѓето ме гледаат и мислат дека сум доволно добро име победата да му донесе борба со АЏ. Не знам зошто мислат така, но тоа е тоа. Александар Усик нема да биде прв, а можно е дека не да биде и последен. Ќе видиме. На крајот мора да помине преку мене. Секој мора да помине преку мене, па ќе видиме како ќе заврши тоа“.

„Повеќе луѓе мислеа дека ќе изгубам со нокаут во првиот меч со Давид Хеј отколку што мислат дека може да ја изгубам оваа борба. Но, навикнав на мене да гледаат како на жртвено јагне. Во првата борба со Хеј им покажав дека не сум. Ова е сосема исто. На хартија изгледа дека немам никакви шанси. Тоа не е ништо ново за мене“.

https://www.facebook.com/skysportsboxing/videos/2005016129554769/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON