Белју е подготвен да се бори со Ворд, Усик и Гасиев

Тони Белју ги објави плановите за следните мечеви откако на категоричен начин стави крај на пресметката со Дејвид Хеј.

Тој го нокаутира противникот во вториот последователен меч, овој пат уште поубедливо. Веднаш по средбата, новинарите побараа ливерпулскиотбоксер да каже какви му се плановите. Откри дека размислува за опции како со пензионираниот Андре Ворд и непоразените ѕвезди во полутешка категорија Мурат Гасиев и Александар Усик.

„Не знам како ќе продолжи моето патување“, рече Белју и додаде: „За мене, секоја борба е како дуел на светските боксерски суперѕвезди. Јас ќе продолжам да заработувам, само сакам да ми дадете некој од Усик, Ворд или Гасиев“.

Пред една година, Тони Белју дури ја објави намерата да се сретне со Дионтеј Вајлдер, шампионот на Светскиот боксерски совет.

https://youtu.be/mNxPGED_Dhk

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON