ММА ветеранот Витор Белфорт тренираше со поранешниот боксерски шампион Мајк Тајсон. Двете легенди беа на Флорида и заедно тренираа пред Тајсон да се врати во рингот на кечерската организација АЕВ/ AEW.
Белфорт бил возбуден од средбата.
„Мислам дека АЕВ треба да направи натпревар во двојки со мене и Тајсон против двајца нивни шампиони. Тони Хан, сопственик на АЕВ, ми е пријател. Идејата е добра и сум подготвен за тоа”, изјави Белфорт.
Тајсон има искуство во кечерството. 53-годишниот спортист се појавува често на ВВЕ и дури е влезен во Куќата на славните на организацијата.
Белфорт е импресиониран од мотивацијата на Тајсон да се врати во оваа напредна возраст во спортот.
„Одлуката да се бори е донесена самоиницијативно од Мајк Тајсон. Потребно е многу храброст да се врати во рингот, особено на оваа возраст. Се восхитувам на неговата храброст и му посакувам среќа.
Треба да тренира паметно, затоа што она што го работеше претходно сега може да не го работи. Ова е нешто ново кое тој го открива за себе и патувањето е прекрасно“.
Белфорт (43) исто така се препуштил на своето патешествие. Поранешниот шампион во УФЦ ја продолжи кариерата во Сингапурската ММА организација ОНЕ. Потпиша со нив минатата година и во моментов ги дотеруваат деталите за неговото деби.
Да се биде во слична ситуација, како што е Тајсон, според Белфорт, најважно е да се избере вистинскиот противник за враќањето.
„Тајсон треба да направи паметен избор“, рече Белфорт.
„Клучот е во вистинскиот противник. Тој има потреба од противник кој ќе му даде вредност, не само да е противник кој излегува за да заработи пари“.