Лиам Мек Гери (12-1) по втор пат за една недела го промени противникот.
Откако Владимир Филиповиќ имаше проблеми со визата, неговото место во главната борба на Белатор во Белфаст само два дена пред борбата го зазеде Брет Мек Дермот (7-5).
Мек Дермот даде се од себе во борбата и го соборуваше Мек Гери, но на крајот Мек Гери стигна до победата на почетокот од втората рунда кога докторот ја прекина борбата заради исеченици на лицето на Мек Дермот.
По победата Лиам Мек Гери дозна дека на 19 мај во Лондон ќе се бори против сонародникот Линтон Васел (17-5). Победникот од оваа борба може да се бори со шампион во полутешка категорија со Фил Дејвис од кој Мек Гери го загуби појасот.
Соиграчот на Конор Мек Грегор, Џејмс Галагер (6-0) дојде до третата победа во Белатор нанесувајќи му го третиот последователен пораз на Кирил Медведовски.
Колин Флечер – Фрикшоу (13-8) изгуби со давење од позади од Французниот Алекса Лахоре.
Белартор 173:
Лиам Мек Гери – Брет Мек Дермот (ТКО, Р2)
Џејмс Галагер – Кирил Медевдовски (сабмишн, давење од позади, Р1)
Разафиарсон – Шинед Кавана (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-26, 30-25)
Алекс Лохоре – Колин Флечер (сабмишн, давење од позади, Р2)
https://youtu.be/MoU1M8ENOMY
https://youtu.be/Ueed-RC3UAY
https://youtu.be/npc4hmVZn2k
.