Белал Мухамед ќе влезе во октагонот со палестинското знаме зад себе кога ќе на 10 мај за прв пат ќе ја брани титулата во полусредна категорија на УФЦ 315 во Монтреал.
Иако знамето беше привремено отстрането од неговиот УФЦ профил претходно овој месец, организацијата брзо го врати, за што Мухамед вели дека било едноставно недоразбирање. „Да, 100 проценти“, изјави тој за ММА фајтинг. „Разговаравме за тоа и тие го прифатија. Ништо не ме спречува да го направам тоа“.
Мухамед, чии родители се Палестинци, е длабоко посветен на хуманитарните цели. Зборуваше за конфликтот во регионот, организираше настани за собирање средства и ги користеше своите платформи за да привлече внимание кон страдањето на палестинскиот народ. Пред неговата борба против Џек Дела Мадалена, планира повторно да зборува и да дејствува во поддршка на нив.
„Тешко е, особено сега. Луѓето умираат, луѓето гладуваат. Светот само гледа и наоѓа изговори. Диво е“, рече тој.
Иако одбраната на шампионскиот појас е огромно достигнување, Мухамед нагласува дека за него борбата е за нешто многу поголемо: „Не можам да изгубам. Нема да дозволам луѓето да ме видат без крената рака. Кога ќе ме видат како се борам тој ден, ќе го видат знамето. Кога ќе ме видат како победувам, ќе го видат уште повисоко. Ќе бидам нивниот глас“.