Белал Мухамед го отпиша Леон Едвардс за титулата

Шампионот на УФЦ во полусредна категорија Белал Мухамед вели дека Леон Едвардс нема да добие шанса за титулата во скоро време.

„Леон, имаш три или четири години пред да може да размислиш за реванш… Имам уште едно момче на линијата. Мислам дека е Шавкат. Нема ништо што може да се направи за да се заобиколи Шавкат“, рече Мухамед на Белив ју ми поткаст.

Потсетуваме, Мухамед ќе ја брани титулата на 10 мај против Австралиецот Џек Дела Мадалена на турнирот УФЦ 315 во Монтреал (Канада). Едвардс следниот пат ќе се соочи со Шон Брејди на 22 март на УФЦ Фајт најт 255 во Лондон, Велика Британија.

Претходно Мухамед изјави дека Шавкат Рахмонов заслужува борба со него и сака да му го нанесе првиот пораз во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО