Последната одлука на Владата на Македонија, донесена по препорака на Комисијата за заразни болести, гласи вака:
„Согласно препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол“. Сакам да споменам дека освен фитнес-центрите и останатите индивидуални спортови, никој друг не ја почитува оваа одлука и мерка на забрана. Полицијата знае по пријава да тропа на втара на некој фитнес-центар и трпелливо да чека додека некој не отвори и согласно законот да им поднесат пријава и да ги изложат затечените на драконски казни, но гледајќи првенствен натпревар на ТВ не знаат да постапат на ист начин и да се паркираат со неколку комбиња пред некоја спортска сала каде се одигрува тој некој натпревар во кошарка, ракомет,одбојка или фудбал и да го применат законот и тамо, истакнуваат од ББФФМ.
„А за одржувањето на тренинзите во затворените спортски сали за овие спортови да не зборуваме. На нив некој им дозволил непречено за цело ова време да си ги одржуваат своите тренинзи во затворените спортски сали, каде се во постојан близок контакт играчите, а на нас Комисијата ни даде предлог надвор на отворено да ги вадиме справите и покрај тоа што ги применувавме сите мерки за заштита, ја почитувавме бројката на вежбачи според пропишаната квадратура по вежбач и вежбачите немаат никаков меѓусебен контакт во теретаните. Зошто селективен пристап во почитување на мерките и кому тоа му одговара? Комисијата и надлежните и покрај сите наши заложби веќе еден месец не излегоа со официјално соопштение и одлука дека некој е привилегиран и може да продолжи со тренинзи и натпревари во спортските сали, а останатите не. Со цел да не се прекине натпреварувачкиот спорт во овие спортски дисциплини, на иницијатива на ББФФМ со претседателот на истата Бобан Ѓоровски и КМФМ претставувана од м-р Ирена Митровска и лиценцираниот фитнес тренер м-р Мартин Видоевски, преставниците на спортот преку МОК, советничката за спорт на премирот и Агенцијата за млади и спорт се создаде работна група која изготви план и решение на оваа ситуација, кој беше доставен до Комисијата за заразни болести и не ни е јасно зошто и од која причина тој предлог-план за решавање на оваа ситуација во полза на целиот спорт не беше прифатен и усвоен“.
„Која е причината за селективниот пристап во носење на преќутни одлуки на Комисијата за заразни болсти предводена од д-р Караџоски да некои спортови и федерации се привилегирани, смеат и можат да тренираат и да се натпреваруваат во истите сали каде истото тоа за нас индивидуалните спортови е забрането и сносиме казни доколку таа забрана не ја почитуваме“, прашува претседателот на ББФФМ, Бобан Ѓоровски.
Господинот Караџоски на нашето барање испратено до него на 6-ти април, истакнуваат одоваа федерцаија, изричито и експресно ни одговори дека натпреварувањата во бодибилдинг и фитнес се забранети, поради лошата епидемилошка слика, а до ден-денешен не најде време и доблест да ни одговори по кои правила и со чија одлука тоа не се почитува од дел од спортиските федерации?!
„Свесни сме дека д-р Караџоски појма нема која е споредбата конкретно во орджување на натпревар во бодибилдинг и индивидуалните спортови помеѓу колективните спортови кои во моментот непречено функционираат. Појма нема која е разликата во тренингот на еден бодибилдинг или индивидуален натпреварувач од поединечните спортови и екипа во екипните спортови кои непречено тренираат и одржуваат натпревари. Никој не бара од него тоа да мора да го знае, но има надлежни спортски институции, национални федерации каде што може да се обрати и каде ќе му се објасни природата на спортот, тренингот и натпреварот, па врз основа на тоа да се донесе една заедничка одлука за доброто на сите спортови“, истакнува Ѓоровски и додава:
„За разлика од минатата година, кога во ова време меѓународните спортски федерации ги одложуваа сите спортски првенства и настани, а некои од нив беа и откажани, годинава календарите се одвиваат без било какви одложувања и пречки. Што значи дека во светот одговорните донеле план за функционирање на спортот и тренинг на спортистите, што не е случај кај нас. Па сега се соочуваме со огромни проблеми, да не настапуваме или да настапиме со огормна можност од повреди поради прекин на тренажниот процес.
Апелираме до надлежните, уште денес да се усвои предлогот на работната група доставен преку Агенцијата за млади и спорт до Комисијата за заразни болести, како би можеле да им овозможиме на нашите репрезентативци еднаков третман во сите спортови и успешно преставување на Македонија на натпреварите“.