Банчамек ќе има реванш со Андре Дида

Големата легенда Букав Банчамек ќе има реванш со Андре Дида на Светскиот стадион „Сијам“ во Тајланд. Нивната битка е закажана за октомври.

Тие се бореа уште во 2009 година, борба што беше доста оспорувана, а Букав успеа да победи со одлука на судиите, откако направија дополнителна рунда.

Банчамек има скор 239-24-12 во мај тај и е во серија од 7 последователни победи. Тој ги доби 14 од последните 15 битки и не загубил две години. Во неговата последна борба, Букаав го нокаутира Крис Нгимби на крајот на 2019 година.

Додека Дида има скор 2-4 во мај тај и 6-4-1 во ММА. Андре е во серија од 4 последователни победи во ММА и не се борел 10 години. Во мај тај последен пат се бореше во 2014 година во Тајланд, каде со одлука на судиите го победи Ли Јанкун.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON