Младите борачи на БК Балканец од пионерската и младинската школа на еднонеделни базични подготовки на планината Плачковица во планинарскиот дом „Лисец“ во село Вртешка.
„Секојдневно се реализират по два тренинзи кои имаат за цел да ги подигнат на повисоко ниво физичките способности: кондиција, брзина, сила и сл., а потоа се продолжува со техничко-тактичка подготовка во Штип. Кон втората половина на август, за да се одржи формата на максимално ниво, повторно ќе се реализират базични подготовки на истата локација“, велат од Балканец.
Ipon.mk/В.Д.