Балканец продолжува со подготовките во Берово

Вчера завршија подготовките на младите борачи од сите клубови во Македонија, а продолжија на младите борачи на БК Балканец, исто така во Берово.

На подготовките се приклучија и други млади борачи, вкупно дваесет и шест борачи.

„Активностите започнуваат во утринските часови од 6:30 часот со футинг во времетраење од околу 40 минути, во 10 часот прв тренинг за подготовка на моторичките способности во времетраење од еден час и триесет минути и во 17 часот за техничко-тактичка подготовка и изучување на нови боречки зафати во времетраење од еден час и триесет минути“, истакнуваат од Балканец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON