Балканец прв на Државното првенство за сениори, го следат Лирија и Бучим (ФОТО)

На Државното првенство во борење што се одржа денес во Радовиш Балканец е најуспешен со 38 бода, пред Лирија 33 и Бучим 29.

Потоа следат Чаир, Студеничани, Тефејуз, Спартак, Вардар, Неготино и Ревија.

Балканец освои четири титули: Владимир Егоров (65 кг), Серхан Шакиров (79 кг), Дејан Митров (86 кг) и Столе Ефтмов (97 кг).

Од штипскиот клуб жалат што изостана реваншот меѓу Владимир Егоров и Бесир Алили кој на Изборното првенство го совлада Егоров и ја освои првотоместо.

Стефан Штерјов (57 кг) освои сребрен медал. Бронзите се за: 70 кг Анакиев Иван, 79 кг Филип Стојков, 97 кг Младен Рунчев, 97 кг Васе Спасов, 125 кг Бобан Данов и Теодор Горгиев.

Тренерите Бобан Данов, Горан Стојанов, Иван Анакиев и Ангел Стефанов се задоволни од сработеното.

Државни прваци се:
57 кг Аид Салихази
61 кг Вадимир Егоров
70 кг Арсим Бислиовски
74 кг Фати Вејсели
79 кг Серхаб Шакиров
86 кг Дејан Митров
92 кг Астрит Исмаили
125 кг Александар Стојанов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON