Балканец е задоволен од настапот на борачите Балканското првенство-освоија 12 медали

Стручниот штаб на Балканец е задоволен од настапот на нивните борачи Балканското првенство кое се одржа во Скопје од 3 до 6 октомври.

Младите надежи на Балканец освоија 12 медали во поединечните настапи во три возрасни конкуренци.

Освојувачи на медали за репрезентацијата на Македонија од Балканец се:

Пионери (У-15)
38 кг Лука Ананиев – сребрен
41 кг Андреј Мишев – сребрен
68 кг Зоран Шоров – бронзен
50 кг Бојана Ковачова – бронзен

Во екипен пласман во машка и женска конкуренција македонската репрезентација го освои третото место.

Кадети (У-17)
45 кг Андреј Мишев – бронзен
48 кг Мусај Бислими – сребрен
61 кг Мелани Митевска – трето место

Во екипен пласман во машка и женска конкуренција македонската репрезентација го освои третото место.

Младинци (У-20)
61 кг Стефан Стојков – бронзен
86 кг Дамјан Смилков – сребрен
125 кг Теодор Георгиев – златен медал
57 кг Марија Цветанова – сребрен
68 кг Мелани Митевска – сребрен

Во екипен пласман во машка конкуренција македонската репрезентација го освои првото место додека во женска конкуренција го освои третото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО