Баколе сака реванш против Хантер: Би го кршел од мавање од првата до десетата рунда, а потоа би го нокаутирал

Мартин Баколе пред еден месец ја победи американската надеж Џеред Андерсон со нокаут во петтата рунда на настан во Лос Анџелес и веднаш посочи три имиња против кои би сакал да се бори – Агит Кабајел, Џозеф Паркер и Жилеј Жанг.

Кинескиот тешкаш Жанг одреден период се споменуваше како многу веројатен противник на Баколе, но се чини дека Конгоанецот (21-1, 16 КО) сака да се пресмета со Мајкл Хантер, противникот кој му го нанесе единствениот пораз во кариерата.

„Би го скршил од првата до десетата рунда, тоа не би било борба туку војна. Кога ќе го соборам, ќе го замолам да стане и да продолжи. Сакам да се одмаздам. Во десетата рунда би го нокаутирал“, подвлече Мартин Баколе.

Двајцата се бореа меѓу себе во октомври 2018 година, а Хантер го победи Баколе со ТКО во десетата рунда.

Во осмата рунда тешкашот од Конго го повреди рамото.

Но ретко кој ќе биде заинтересиран за мечот меѓу Баколе и Хантер, љубителите на боксот сакаат да го видат Мартин во сериозна акција, па веројатно следен противник би можел да му биде Жанг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON