Баки Ајети најдобар боксер на „Звонко Вујин“ во Зрењанин (ФОТО)

На првиот Меморијален меѓународен бокс турнир „Звонко Вујин“ во Зрењанин, Србија, што се одржа викендов жирито предводено од легендите на југсловенскиот бокс Тадија Качар и Мирко Пузовиќ го прогласи Баки Ајети од Македонија за најдобар боксер.

Ајети во финалето славеше со поделена одлука на судиите против домашниот боксер Марко Јојиќ со 3-2.

Победа на Ајети против Богдан Трифу

На турнирот учествуваа натпреварувачи од Босна и Херцеговина, Романија, Унгарија, Хрватска, Словенија, Македонија и Србија.

Тренерот Насер Харуни вели дека ова е тест пред Европксото првенство за ученици во Сараево од 10 до 20 август во Сараево, Босна и Херцеговина.

Резултати – ученици

54 кг Василије Јањатовиќ (Србија) – Рион Бајрами (Македонија) 5-0

60 кг Марко Јојиќ (Србија) – Баки Ајети (Македонија) 2-3

63 кг Алтин Османи (Македонија) – Габриел Иван (Романија) 0-5

Полуфинале

44 кг Даниел Григорие (Романија) – Омар Фазли (Македонија) 5-0 ТКО, Р2

60 кг Богдан Трифу (Романија) – Баки Ајети (Македонија) 2-3

Фото: БСС

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON