Баходир Јалолов ја одбрани олимписката титула во супертешка категорија во бокс

Узбекистанецот Баходир Јалолов ја одбрани олимписката титула во бокс во супертешка категорија.

Во машкото финале (+92 кг) 30-годишниот Јалолов со судиска одлука 5-0 го победи Шпанецот Ајуб Гадфа.

Јалолов двапати да го собори противникот во првата рунда, а иако ситуацијата во рингот изгледаше како нокаут, Гадфа успеа да се извлече и да се избокисра две одлични рунди. Шпанецот возврати со неколку тешки леви директи во главата на Јалолов, но на Узбекистанецот никако не му пречеа и со класа и мајсторија успеа да го затвори мечот.

Така Јалолов на Узбекистан му го донесе петтиот златен медал во бокс од Олимписките игри во Париз. Пред него тоа го направија Хасанбој Дусматов до 51 килограм, Абдумалик Халоков до 57 килограми, Асадхуџа Муидинхуџаев до 71 килограм и Лазизбек Мулоѓонов до 92 килограми.

Единствените две титули кои им избегнаа на Узбекистанците беа оние до 63,5 килограми, кои ги освои Ерисланди Алварез од Куба и до 80 килограми, кои му припаднаа на Олександр Хижњак од Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON