Баду Џек во дебито во полутешка категорија стана светски првак, победа на Дејвис (ВИДЕО)

Баду Џек (21-1-3, 13 КО) во своето деби во полутешка категорија стана светски шампион.

33-годишниот Швеѓанец со гамбиско потекло во воведниот дел на настанот Мејведер-Мек Грегор во Лас Вегас со прекин во петата рунда го совлада Натан Клеверли (30-4, 16 КО) и ја освои „регуларната“ ВБА титула.

Велшанецот во четвртата рунда се најде во сериозни проблеми од кои што не успеа да се извлече и Џек го заврши во следната. Швеѓанецот во јануари ја ослободи титулата на ВБЦ во суперсредна категорија за да може да се подигне во полутешка.

Актуелниот WBA „супер“ шампион во категоријата е Андре Ворд, кој ги држи и ВБП и ИБФ појасите.

Гервонт Дејвис (19-0, 18 КО) на мерењето ја изгуби титулата на ИБФ во суперлесна категорија, но неговиот противник, Франциско Фонсека (19-1-1, 13 КО) и продолжи да се бори за титулата.

Дејвис го победи Костариканецот со нокаут во осмата рунда. 22-годишниот Американец го погоди Фонсека во задниот дел од главата по што овој падна, по што Дејвис уште и го турна додека беше на подот. Фонсека не можеше да продолжи, а по долго заседавење Дејвис беше прогласен за победник со нокаут.

Поранешниот светски шампион во крузер, 41-годишниот Стив Канингем (29-9-1, 13 КО) изгуби со едногласна одлука ода непобедениот Ендрју Табити (15-0, 12 КО). Табити го промовира компанијата на Мејведер, а судиската одлука уверливо одеше на негова страна – 100-90, 97-93, 97-93.

https://youtu.be/5Qu_5v5m-eg

Поранешниот предизвикувач за светската титула во полусредна категорија Томас Дулорм (24-3, 16 КО) изгуби со контроверзна едногласна одлука на поранешниот светски аматерски првак од Куба Јорденис Угас (20-3, 9 КО) во меч во кој и двајцата завршија на подот. Порториканецот го чинеше одземање на поен поради повторените ниски удари во последната 10-та рунда. Еден судија го бодуваше мечот 94-91 за Кубанцот кој живее во Мајами, додека другите двајца му дадоа предност 93-92. Да не беше одзимањето на бодот, борбата ќе завршеше нерешно со мнозинска одлука на судиите.

Дулорм првично требаше да се бори со Шон Портер, но поранешниот светски првак во велтер категорија 10 дена пред борбата го откажа мечот поради смртен случај во семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON