На почетокот на годината Бадр Хари падна на допинг тестот по борбата со Хесди Гергес, а освен него со позитивен допинг тест беа и Хесди Гергес, Младен Брестовац и Ариел Мачадо. Во примероците со урина на борците и беа откриени траги од забранети супстанциии од Doping Autoriteit Netherlands (DAN) започнаа истрага која траеше неколку месеци. Казните на четиримината борци и ги изрече Instituut Sportrechtspraak (ISR).
Бадр Хари – доби 19 месечна суспензија заради позитивниот допинг тест на Глори 51 Ротердам.
Хесди Гергес доби официјален укор од ДАН/DAN, но го негира секое прекршување и јавно посочи дека го оспорува предложениот укор.
Младен Брестовац – добива официјална забелешка поради неговите тестови на Глори54, каде што се сретна со Рико Верховен и ја загуби со одлука на судиите.
Aариел Мачадо – доби 20-месечна суспензија, по допингувањето за Глори 47 Лион, каде што се соочи со Артем Вахитов и загуби со судиска одлука.
Маршал Зелазник, извршен директор на Глори, изјави дека зазема поцврст став против употребата на забранети супстанци и очекува највисоки стандарди од своите спортисти. Глори е посветена да остане лидер во борбата против употребата на супстанци кои ја подобруваат работата на борците во спортот. Како резултат на овие казни, победата на Хари над Гергес е поништена и битката е прогласена за неодржана. Казните стапуваат на сила на 21 декември 2018 година за Мачадо и 7 мај 2018 година за Хари. Казната за Бадр ќе истече на крајот од годината и тој ќе може да се бори под знамето на Глори.