Бадр Хари сака што побргу да оди во затвор, но сдуот не му дозволува!

Точно пред еден месец, на 7 февруари, Врховниот суд во Холандија го осуди Бадр Хари на шест месеци затвор. Без разлика колку на прва звучи бизрано, кик-бокс ѕвезда навистина сака што е можно поскоро зад решетки, но судот во моментов не го дозволува тоа.

Според холандските медиуми, Хари сака да ја издржи казната, но се чини дека нешто е заглавена во администрацијата, потврди и неговиот адвокат, Бенедикт Фик.

„Тие работат на тоа, но да е до нас, тој веќе ќе лежеше внатре“, пренесува Powned.tv.

Хари е осуден за стар случајот од 2012 година кога физичка се пресмета со Коен Еверинк. За нападот доби казна од 24 месеци затвор, со тоа што десет месеци му се симнати од казната, а осум веќе издржа.

Главната причина поради која Хари сака да ја издржи казната веднаш е реваншот со шампионот на Глори во тешка категорија, Рико Верховен,кој е планиран за 2017 година Минатата година двоецот се пресмета на Глори Колисон во Оберхаузен, а мечот привлече внимание какво што во кикбоксот долго време не сме виделе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON