Бадр Хари против Алистер Оверем на Глори Колишн 4

Едно од најголемите ривалства во историјата на кик боксот ќе има третата епизода.

Легендите Бадр Хари и Алистер Оверем ќе направат трилогија. Тие ќе се судрат по трет пат во октомври. Нивната битка ќе ја предводи гала вечерта Глори Колишн 4. Веста ја пренесе холандскиот медиум ad.nl.

Во 2008 година ја видовме нивната прва битка. Тие се бореа на Дајнамајт и Оверем го направи едно од најголемите изненадувања во историјата. Алистер успеа да го нокаутира Хари со лево кроше за 2 минути и 7 секунди.

Една година подоцна Хари доби шанса да се реваншира. Се сретнаа на на К-1 Светско Гран при, каде Хари го нокаутира Оверем за 2 минути и 14 секунди. Сега, 14 години подоцна, ќе има трет дуел.

Хари има скор од 106-17-2-2 во кик бокс и е во серија од 4 последователни порази. Последен пат ремизираше со Аркадиуш Вжосек во март годинава. Бадр нема победа во последните 6 борби во рингот. Веќе 7 години нема победа во рингот.

Оверем е со скор од 10-4 во кик бокс и е во серија од 5 последователни победи. Во неговата последна борба во кик бокс во 2010 година Оверем го нокаутира Петер Аертс. По оваа средба, Алистер се посвети на ММА, каде забележа скор 47-19 (1).

Во неговата последна борба во ММА Оверем загуби од Александар Волков со нокаут во февруари 2021 година. Овој пораз ја прекина серијата од 2 последователни нокаут победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON