Легендата Бадр Хари и Бенџамин Адегбуи успешно го минаа мерењето пред Глори 76, што е само за неколку часа.
Тие ќе се борат во главната борба на вечерта на настанот во Холандија. Легендата на Мароко тежеше 109,3 килограми, а неговиот противник Адегбуи 117,1 килограм.
Влогот во битката е нова шанса за титулата во тешка категорија, за која во јануари ќе се борат Рико Верховен и Џамал Бен Садик.
Во еден од последни медиумски настапи Бадр Хари се закани дека ќе победи со нокаут во првата рунда. Адегбуи, пак, е убеден дека ќе победи со нокаут, но во втората рунда.