Денес судот во Амстердам го осуди Бадр Хари на две години затвор.
Мароканецот (30 г.) беше осуден за пет физички напади. Од 24 месеци 10 се условна казна.
Обвинителството побара три години затвор.
Покрај затворската казна Хари ќе мора да плати и 45.000 евра отштета на неговите жртви, од кои 37.000 на Коен Еверинк.
Адвокатот на Хари рече дека ќе поднесе жалба до Врховниот суд.
Судијата објави дека медиумската покриеност на случајот не е причина за поблага казна, но додаде дека Хари како професионален кик боксер мора да одговара, бидејќи што злоставувал други со помош на неговата физичка супериорност, и дека среќана околност е што немало посериозни последици за жртвата.