Бадр Хари уште еднаш го привлече вниманието на себе, но овојпат не со настапот во рингот.
Врвниот кикбоксер неодамна беше уапсен откако наводно ја нападнал поранешната девојка Дафне Романи. Хари призна дека згрешил, но исто така рече дека минува низ тежок период како татко. По ослободувањето, Хари ги сподели своите чувства на телевизија.
Неодамна на Инстаграм објави емотивна порака во која нагласи колку му значат неговите деца.
„Можат да ми го одземат времето, но никогаш не можат да ја одземат љубовта што ја чувствувам кон моите деца. Тие се мои засекогаш“, напиша Бадр на социјалните мрежи.
Хари се развел од мајката на неговите 5 деца откако започнал афера со дадилката на децата. Реално, самиот е виновен за ситуацијата во која се нашол. Сега го чека судењето и доколку биде прогласен за виновен, може да оди во затвор.
Ќе видиме како ќе се развиваат работите.
View this post on Instagram