Помина мерењето пред кик-бокс настанот Глори 80 кој ќе се одржи денеска во Белгија. Гала вечерта има две големи битки во тешка категорија.
Во првата главна борба ќе гледаме реваншот меѓу легендата Бадр Хари и Аркадиуш Вжосек. На мерењето пред борбата Хари тежеше 114 килограми, а Вжосек 107,2 килограми. Бадр одби да присуствува на прес-конференцијата, како и да се соочи со Вжосек.
Моментално е под голем притисок бидејќи загуби со нокаут пред половина година од Полјакот.
Втората главна битка ќе ја предводат Џамал Бен Садик против ѕвездата во подем Леви Ригтерс. Бен Садик имаше 128,9 килограми на мерењето, а Ригтерс 118,2 килограми.
Резултати од мерењето:
Главна карта
Џамал Бен Садик (284,2 фунти / 128,9 кг) – Леви Ригтерс (260,6 фунти / 118,2 кг)
Аркадиуш Вжосек (236,3 фунти / 107,2 кг) – Бадр Хари (251,3 фунти / 114 кг)
Тифани ван Соест (120,8 фунти / 54,8 кг) – Маназо Кобајаши (120,2 фунти / 54,5 кг)
Гверик Билет (153,4 lbs / 69,6 kg) – Нордин Бен Мох (153,7 фунти / 69,7 кг)
Ертугрул Бајрак (187,39 фунти / 85 кг) – Серкан Озчаглајан (182,3 фунти / 82,7 кг)
Прелиминарни:
Јос ван Белцен (169,3 фунти / 76,8 кг) – Џеј Овермер (169,75 фунти / 77 кг)
https://www.youtube.com/watch?v=8BwBEyDCGIw&feature=emb_title