Легендата Бадр Хари не го прекина тренажниот процес по потпишувањето за Глори во 2016 година. Хари се врати на рингот по една година отсуство и ја доби првата рунда против доминантните шампион во тешка категорија Рико Верховен, но во втората ја повреди раката и загуби со ТКО.
Потоа Хари се заколна дека ќе му се реваншира, а неколку месеци подоцна отиде во затвор и лежеше кратко време. Повторно се врати оваа година и во март го победи Хесди Гергес со одлука на судиите, а видливо беше дека го намалил импресивниот физикус, затоа што сакал да има поголема брзина во нападите.
Долго време се зборуваше дека ќе има реванш со Рико, но тоа се уште не е потврдено. Сепак, Хари не ги прекинува тренинзите и моментално е во ѕверска форма и најверојатно наскоро ќе се бори. Во моментов Рико Верховен сака да се испроба како актер, па од Глори размислуваат да му ја одземат титулата и организираа турнир во тешка категорија кој ќе се одржи на Глори 62. Последно е што Хари се согласи на битка со својот сонародник Џамал бен Садик.
https://www.instagram.com/p/BqeqmA3hhWl/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bqc0Qx4hs_6/?utm_source=ig_embed
https://www.youtube.com/watch?list=RDYHAd0VbzR0E&time_continue=41&v=YHAd0VbzR0E
.