Најголемата кик-бокс организација Глори цврсто стои зад големата легенда Бадр Хари. Мароканската ѕвезда 7 години нема победа во кикбоксот, но Глори не престанува да го поддржува. Хари направи 5 натпревари под нивно знаме и не успеа да забележи победа.
Двапати загуби од Рико Верховен поради повреди на двата меча. Имаше пораз од Бенџамин Адегбуи и Аркадиуш Вжосек. Хари забележа победа над Хесди Гергес, но падна на допинг тест и победата му беше укината.
Интересно е што во секоја негова битка во Глори Хари води на поени, но потоа нешто се случува и тој губи. Во неговата последна борба со Вжосек, Хари го испрати 3 пати на подот и имаше на еден нокдаун од победата.
За негова несреќа, Полјакот го изненади со висок удар и го победи со нокаут. Сега Глори им даде втора шанса и ќе гледаме реванш во март во Белгија. Хари дефинитивно има што да си докажува и оваа битка ќе биде одлучувачка за неговата кариера.
На својот профил на социјалните мрежи Глори објави фотографија со Хари и напишаа:
„Бадр Хари е погладен од кога било“.